Француската модна куќа “La Redoute” вистински се посрамотила бидејќи на една еднјзина промо реклама за детска гардероба во позадина се гледа потполно гол маж.
Фотографијата се појавила на нивниот сајт и стоела само неколку часа, а на неа имало група деца на плажа, а во позадина на децата јасно се гледал гол маж.
Онлајн корисниците веднаш ја забележале грешката и сликата брзо биле отстранета. Сепак, оваа грешка не поминала незабечежано и веднаш се проширила низ интернетот.
Компанијата “La Redoute” веднаш се извинила на купувачите.