На 13 април 2003 година, Тоше Проески настапи и победи на првата Беовизија (фестивал на кој од 2004 година се избира српско-црногорскиот, а од 2007 само српскиот претставник на Евровизија).
httpv://www.youtube.com/watch?v=5OYIFrhjJEU
Значењето на победата на Тоше беше голема пресвртница и значаен момент во неговата кариера, особено поради тоа што на фестивалот настапија мошне популарни екс-југословенски ѕвезди, а во стручното жири членуваа истакнати музички ликови.
Тоше Проески и во оваа прилика не пропушти да ја спомне својата земја, истакнувајќи дека би било убаво доколку Македонија или СЦГ во 2005 ја организираат Евровизија.
Песната Чија си стана еден од најголемите хитови што Тоше ги испеа во целокупната кариера, песна која заедно со Тајно моја ја лансираше македонската мегаѕвезда директно во редот на најпопуларните изведувачи кај нашиот северен сосед и пошироко.
Тука мора да го споменеме настапот на Евровизија. Во 2004 година Тоше се претстави со песната Life, која всушност беше преработена верзија на оригинално избраната Ангел си ти.
http://www.youtube.com/watch?v=Ucx6KhD9fMo
Иако Тоше не беше задоволен од својот пласман ( се пласираше на 14-тото место), сепак Македонците достојно ја пречекаа својата ѕвезда при враќањето од Истанбул во толкава бројност и толкава еуфорија, исто како Тоше да победил на Евровизија.