Google преговара со филмските студија за тоа дали да почне да продава филмови по пат на својата ребрендирана продавница, Google Play.
Моментално постои можнсот за изнајмување, но Cnet дознава дека услугата за купување Google би можел да ја понуди уште ова лето.
Повеќе извори запознаени со плановите наведуваат дека Google работи на тоа на корисниците на Android уредите да им понуди можност за купување, а од Google ова не сакаа да го коментираат.
Сепак, извори на Cnet велат дека доколку ова му се случи на Google еден ден многу лесно да стане еден од најголемите продавачи на филмови, имајќи ја во предвид големата популарност на Android платформата и фактот дека моментално продажбата на филмови на Android уреди е многу слаба.
Инаку, Google неодамна го преименуваше Android Market во Google Play, кој сега претставува обединето место за апликации, филмови, музика и книги.