Google планира да ја продаде Motorola?

popara13 април, 20121min00
Google is selling Motorola

Колумнистот на Wall Street Journal пишува за тоа дека постојат гласини дека Google ќе ја продаде Motorola и тоа на компанијата Huawei.

Поминаа скоро година дена откако беше најавен план за аквизиција на Motorla Mobility, а Google за неа плати околу 12,5 милијарди долари.

Плановите за нејзината иднина сеуште не се познати, а новинарот на овој весник разговарал со многу внатрешни луѓе во компанијата и дошол до сознанија за можната продажба, што не е официјално потврдено од самата компанија.

Одлуката за купување на Motorola најпрво дошла поради големиот број патнетни, поточно 17.000, а имаше доста дебати околу тоа што Google ќе направи со самата компанија и нејзините вработени.

Најновите гласини говорат дека Google веќе ја понудил на Huawei, а тие гласини ги подгрева и фактот дека Google никогаш не бил хардверска компанија и дека за компанијата е подобро да остане неутрален производител на софтвер (Android).

„Причината за купување на Motorola беа патентите. Сега кога ги имаат, логично е да го продадат остатокот”, вели аналитичарот Пјер Ферагу.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag