Еден маж од Мадрид веројатно следната бура ќе ја помине на посигурна локација, бидејќи го мавнал гром право во тестисите.
Шпанските медиуми не го откриле идентитетот на човекот, објавиле само дека има 53 години и дека доживеал тешки изгореници на гениталиите и стапалото, откако во четвртокот во Мадрид го удрил гром во „најболното место“.
Лекарите изјавиле дека громот не му го оштетило срцето и мозокот на човекот, како и дека го пуштиле на домашна нега.