Група археолози: Го пронајдовме гробот на Исус!

popara4 март, 20121min00
149612

Археолозите кои ја истражуваат христијанската одаја за погребувања од првиот век во Ерусалим го откриле стариот грчки натпис на поклопот на ковчегот, за кој веруваат дека би можел да докаже дека тука е погребан Исус. Епитафот е недоволно читлив за да може во целост да се преведи, но првите три-четири реда се јасни и на нив пишува: „Божански Јехово, стани, стани.”

Џејмс Табор, аналитичар на Библијата на Универзитетот Северна Каролина во САД, и режисерот на документарни филмови Симча Јакобивици во 2010 година добиле дозвола од израелскаата влада да користат роботска рака за да направат дупки кои би им овозможиле да го истражуваат делот во Јерусалим под блокот на кулата. Користејќи камера монтирана во роботската рака, археолозите откриле сет ковчези од првиот век. Поклопот на едниот ковчег има наведен натпис. На другиот ковчег има цртеж со риба која има дрво во устите, кој би можел да се однесува на приказната за Јон и китот.

Гробницата потекнува од 70-тата година, кога саркофазите во Ерусалим биле запечатени бидејќи Римјаните го рушеле градот. Најновиот пронајдок е одалечен на 60 метри од претходното наоѓалиште, познато како „Фамилијарната гробница на Исус”, која предизвика контроверзни коментари зошто е откриена во 80-тите години од минатиот век. Археолозите тогаш тврдеа дека таа гробница содржи саркофазисо имиња на фамилијата на Исус. Тоа откритие поттикна многу теории, вклучувајќи ја и онаа дека Исус тука бил погребан покрај Марија Магдалена, со која се оженил и подигнал фамилија.

Меѓутоа, многу теолози и археолози ја отфрлија теоријата како неоснована. „Фамилијарната гробница на Исус” е истражувана кратко, а потоа ортодоксните Евреи го прекинаа истражувањето. Тогаш гробницата беше запечатена и над неа е изграден блок со кула.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag