popara16 февруари, 20121min00
GTA-Spano-LAD-1

Дефинитивно не е еден кој се турка настрана покрај современиците од високиот профил. Ограниченото производство на шпанскиот супер-автомобил отпочнува нова ера во автомобилската индустрија на земјата. Но, дали е возило што ќе ги натера сопствениците на Lamborghini да размислат за замена?

Стилизиран на егзотичен начин, GTA Spano поседува квалитети, вклучувајќи ја и конвексната хауба и странични отвори како кај Lamborghini кои доминираат во стилскиот и атлетски изглед.

Во внатрешноста на Spano се чувствува луксузниот допир каде доминира кожата, карбон-фибер, алуминиум, титаниум и исто така и доволно простор и удобност за патниците.

Spano се напојува со 8,3-литарски V10 мотор сместен во задниот дел, кој произведува 780 коњски сили и 920 Nm вртежен момент. Ако 780 коњчиња не се доволно добри за вас, GTA нуди биоетанол верзија со 820 коњски сили. Тој може да ја постигне од 0-100 км/ч во време под 3 секунди и максимална брзина од 350 км/ч. GTA, исто така нуди три преносни опции за Spano, вклучувајќи седум брзински автоматски секвенцијален менувач, истиот формат со опција за промена на брзините веднаш кај воланот, како и седум брзински мануелен менувач.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag