Холивудската актерка Хали Бери лансирала своја колекција на чевли под името “Петтата авенија” во соработка со германската куќа “Deichmann”.
Лимитираната колекција од 40 видови на чевли, почнувајќи од оние со отворени прсти со платформа, па до сандали со високи потпетици, ќе се најдат во продажба во март.
“Жените ги сакаат чевлите, а лошите чевли може да ви го расипат денот. Тие се всушност став на жената која ги носи, а го откриваат и нејзиното расположение. И јас сум како другите жени, едноставно обожувам чевли и постојано ги менувам”, изјавила актерката.
Покрај Хали Бери, линија на чевли за истиот бренд направиле и членовите на групата “Sugababes”, американската група “Pussycat Dolls”, како и некогашната манекенка Синди Крафорд.