Облеката во светли бои е апсолутен хит оваа есен! Одлично се комбинираат со оние класичните, како црна, сива и кафена, а на есенскиот аутфит му даваат доза на живост, елеганција и шик. Ние Ви носиме 5 хит бои оваа сезона:
Кралско сина
Оригиналниот royal blue, веќе неколку сезони е на врвот на листата модерни нијанси. А тука, се чини дека ќе остане уште долго. Многу интензивна, оваа боја дава печат на целиот аутфит. На прв поглед, кралски сината боја не служи како боја која се комбинира со некоја друга – сите бои се комбинираат со неа. Дневните комбинации во кои доминира оваа боја, без исклучок се софистицирани и многу кул.
Сенф жолта
За разлика од неонско жолтата која доминира во летните колекции, оваа умерена нијанса на жолта е сосема доволно разиграна за оваа есен. Облеката во сите нијанси на паднатите лисја, совршено се комбинира со сенф жолта.
Бордо
Оваа боја е многу секси и софистицирана. Боја, која не можете да не ја забележите доколку овие денови посетите било која продавница за висока мода. Сепак, просторот за комбинирање со оваа боја е многу тесен, бидејќи таа не бара многу комбинации. Со оваа боја не се игра, но се поентира. Со малку црна боја гарантира wow –ефект.
Виолетова
Со виолетовата,оваа сезона женственоста го возвраќа ударот! Таа е совршен одговор на машките комбинации кои доминираат оваа сезона. Сите нијанси се дозволени, но сепак се претпочитаат оние потемните.
Темно – портокалова
Изгорена портокалова истоа така е многу модерна боја оваа есен и во зимските колекции. Бирајте помеѓу целокупен портокалов изглед или пак само со портокалови детали, на вас е одлуката, во секој случај со темно-портокаловата оваа есен играте на сигурно!