Големите дизајнерски имиња, на модните пести промовирале еден тренд, кој многу ни се допаѓа: кожа, кожа и повеќе кожа!
Се разбира, овој тренд, веднаш го прифатиле врвните брендови во чии продавници можеме да најдеме кожа на речиси сите парчиња облека: јакни, капути, панталони, фустани…
Ако сеуште не сте купиле ниту едно парче облека од кожа, мислејќи дека е премногу грубо, малку строго, и не многу женствено, имаме добри вести за вас!
Познатите брендови оваа сезона во своите колекции понудиле, нешто поблага и могу шик верзија на кожен тренд, и на своите модни парчиња додале понекој детал од овој материјал. А оваа сезона се чини дека сепак крајниот тренд е облека со ракави од кожа…