Холивудската ѕвезда Џеки Чен купил авион од бразилскиот производител Embraer, Legacy 650. Подновувањето е реализирано на задоволство на двете страни. Од компанијата изјавиле дека ова е одличен начин Чен да помогне во промоција на нивните авиони, не само на кинескиот пазар, туку и на глобално ниво.
И самиот актер зрачел од задоволство, а изјавил и дека се надева дека Embraer наскоро ќе стане водечки изграч во својата област во Кина. Авионот Legacy 650 чини околу 30 милиони долари, а подготвен е да пренесува патници од Пекинг до Дубаи, односно од Хонг Конг до Аделаида во Австралија, пренесуваат агенциите.
Embraer е еден од трите најголеми извозници, а во светот се трети по годишни испораки на авиони, зад Боинг и Ербас.