Ја шутирале, мавале, влечеле за коса, растргнувале по улица, а никој од минувачите не мрднале со прст за да и помогнат.
Гувахати – група од дваесет мажи ја нападнале, а потоа и силувале една млада индијка која излегла од ноќен клуб.
Неверојатен е и фактот дека на само десетина метри се наоѓа полициска станица, а на полицајците им биле потребни повеќе од еден час да стигнат на местото на злосторството.
За напаѓачите веќе е распишана потерница, а објавени биле и нивните фотографии, направени со помош на безбедносните камери.
Засега не е познат мотивот за нападот, како и дека на жената никој не и помогнал додека била растргната од напаѓачите.