Уредот кој се спомнуваше под името Endeavor, тајванскиот HTC, би можел да го претстави во Барселона како HTC One X.
Сите оние кои говореа дека HTC се предал, а и последните податоци за пазарните удели говорат за нешто слично, ќе добијат одговор од HTC во вид на телефон со процесор со четири јадра, и тоа Nvidia Tegra 3.
HTC One X ќе има 4,7 инчен супер LCD екран, резолуција 720p, ќе има камера од 8 мегапиксели и 32 гигабајти интерна меморија.
The Verge пренесува и што овој смарт телефон нема да има – microSD слот, физички тастери за навигација и подршка за регуларна SIM картичка (ќе користи Micro SIM).
Покрај овој, HTC во Барселона би можел да го претстави и моделот One S, порано наречен Ville, на 1,5 гигахерци двојадрен Qualcomm процесор и 4,3 инчен екран.
Што се однесува до софтверот, би требало да работрат на најновата верзија на Android, нормално, со HTC Sense кориснички интерфејс.