Легендарниот борач Хулк Хоган, покрај борењето, познат е и по својот карактеристичен имиџ кој ги вклучува и густите мустаќи. Иако многу жени, вклучувајќи ги и бившите и сегашните, се обидувале да го наговорат да ги избричи барем еднаш, Нулк за тоа не размислувал до неодамна.
Всушност, на шега рекол дека може да ги избричи, а одеднаш неговите пријатели и соработници почнале да го молат да не го прави тоа. “Откако кажав дека ќе ги избричам мустаќите, еден од моите агенти ме повика и ми рече да не го правам тоа, бидејќи му се јавиле од Gillette и рекле дека би можеле да влеземе во рекламна соработка, па одлучив малку да почекам и тоа навистина да го направам за неколку милиони долари”, изјавил Хулк.