И кучињата може да ни го комплицираат животот…. :))))

12 јануари, 20120
v230387p0

Едно ново истражување покажало дека кучињата предизвикуваат околу 2000 караници во семејството за време на нивниот живот. Тоа е околу 156 караници годишно или три караници неделно.

Можеби кучето е најдобар пријател на човекот, но може и да ни ги распие одностие со лицата кои ни се блиски.

Обично караниците кои ги предизвикуваат кучињата се врзани околу заминувањето на одмор, кога кучето ќе треба некаде се се смести. Караници настануваат и околу обврските кој да го прошета кучето рано наутро, за тоа како треба да се воспита кучето и дали смее да се качува на кревет или не.

Како што пишува Дејли Мејл, една четвртина од испитаниците признале дека понекогаш помислиле да се откажат од чувањето куче само за да го вратат мирот во куќата.

Истражувањето открило дека кучето не се разликува многу од чувањето бебе. Секојдневната грижа и одговорност за сопственикот понекогаш стануваат многу тешки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *