И зависта има своја добра страна!

popara14 февруари, 20121min00
jjj

Зависта е индикатор за тоа, дали човек е задоволен од својот живот и да покаже колку е големо растојанието меѓу твоите желби и реалноста. Сите душевни конфликти, извираат токму тука, од растојанието меѓу желбите и реалноста.  Колку е поголема оваа бездна, толку повеќе човек е незадоволен и душата страда и копнее по она што и недостасува. Ние не завидуваме на сите луѓе и на сите нивни успеси. Пријател скокнал со параглајдер. Се разбира тоа е супер! Но тешко дека ќе почуствувате завист, ако никогаш сте немале желба за летање. Но ако небесниот простор бил ваша мечта уште од дете, ова ќе ве натера да помислите што да направите и вие за да ја реализирате. Ние чуствуваме завист, само кон она што многу го сакаме за себе. Кон останотото сме равнодушни. Ете ја и смислата на зависта. Таа ќе ви покаже да откриете што  ви пречи за да бидете среќни и ќе ве стимулира да се стремите кон целта. Имено зависта е сила која го активира развојот. Кога ќе почуствуваш длабоко во себе завист поради нешто, било што, тоа најдобро ќе ти покаже што е она што ти недостига. Тоа што ти недостига е основната пречка за твојата среќа. И кога веќе знаеш каде лежи проблемот, би требало да се активираш за да го добиеш тоа што сакаш! Не бирај средства при тоа, целта ги оправдува! Ете ја и добрата страна на зависта! Има логика, нели?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag