И женските гради се божество некаде во светот

popara19 јануари, 20121min00
1

Храмот посветен на обожувањето на женските гради можеби изгледа смешно за останатите, но за јапонците претставува навистина свето место.

Храмот Карубе се наоѓа во градот Соја во префектурата Окајама и е посветен на Чичигамисама, божицата на женските гради. Се верува дека оваа божица помага во бременоста, во создавањето на мајчино млеко, како и дека може да излечи рак на дојка. Храмот е изграден во 1678 и станал познат заради црешовото дрво, кое изгледа како да плаче.

Жените доаѓаат во овој храм да се молат за лесно породување без проблеми, за да имаат млеко или пак да се излечат од рак, но има и онакви кои доаѓаат да се молат за поголеми гради. Украсите во форма на женски гради, кои го украсуваат храмот, може да се купат и како амајлии, а чинат околу 21 долар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag