Идеалната жена

29 јуни, 20120
ss1

Многу често мажите набројуваат одредени карактеристики кои ја опишуваат нивната представа за тоа како според нив треба да изгледа идеалната жена.  За едни таа треба да е палава плавуша со сини очи или догонога манекенка, за други мистериозна бринета со раскошно деколте или провокативна црвенокоса убавица без табуа…

Не е тајна за никого дека мажите сакаат со очите и дека физичкиот изглед на жената игра важна улога. Има и такви кои пред физичкиот изглед ја поставуваат душевната убавина и карактерните особини на жената, но ваквите мажи за добро или лошо се вид кој изумира.

Патријархалните мажи и љубителите на семејниот традиционален начин на живот несомнено нагласуваат како предност жената да умее да готви, да чисти, да пере и да ги извршува сите домашни обврски со брзина на светлината.  Истовремено треба да ги одгледува и децата и по можност да умее да штеди.

Нека не извинат припадниците од посилниот пол ама овие жени на која планета живеат?

Жената не е накитена и украсна кукла со која мажите треба да се перчат и докажуваат пред пријателите.  Или пак домашна прислужничка што треба да се грижи за него и за се останато, но не и за себе.

Таа е создадена за да сака и да биде сакана. Плава или црна, витка или не толку, деловна или разгалена, домаќинка или парти девојка, секоја една од нив носи нешто уникатно во себе, зошто женската душа е нежна како облак, а нејзиното срце е исткаено од љубов и топлина.

Мажите очукаваат од нас да бидеме совршени и безгрешни. Но дали се запрашале какви се тие? Дали тие ни го нудат истото што го очекуваат од нас? Треба да знаат дека колку даваат (емоции, љубов, грижа), толку и ќе добијат како одговор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi