Жените често се непостојани и непредвидливи. Денес сакаат едно, утре друго, а следниот ден не знаат што сакаат. Но години наназад се утврдило едно популарно клише, кое недвосмислено ги докажува нереалните женски критериуми: „Идеалниот маж не пие, не пуши и не оди по жени.“ и како дополнување реалните жени кои се симнале на земјата додаваат: „…и не постои“. Ние нема да бидеме песимистички расположени и ќе ја заштитуваме тезата дека принцови на бели коњи се уште има, но ќе се обидеме да бидеме максимално толерантни кон силниот пол.
Несомнено жените бараат романтична душа што ќе им симнува ѕвезди, што ќе им изјавува вечна љубов по неколку пати на ден и ќе ги опсипува со комплименти постојано.
Денешниот материјален свет има силно влијание и на женската психа и многу дами инсистираат мажот до нив да е добро ситуиран и со солидна сметка. Тенденцијата младо девојче со богат чичко станува се поактуелна.
И не на последно место, за жената е важно нејзиниот избраник да биде верен и да не ја изневерува физички ни психички со друга жена. Тука веќе кругот од пожелни кандидати драстично се стеснува. Не дека таков маж не постои, но се бара многу трпение и здрави нерви во долгиот и макотрпен процес на потрага.
Машкиот нагон тешко може да се спитоми, а нивната природа и хормони ги прави често да бараат наслада и задоволување на своите потреби и страсти во туѓи кревети. Но ова мало скршнување од вистинскиот пат на непорочноста е способно да остави тешки последици за женското срце. А со тоа директно се дисквалификувани од трката за идеален маж.
Битката за женското срце е безмилосна и жестока и затоа ќе кажеме: Да победи најдобриот!