Серж Бенајун (48) од австралискиот град Лизмор, некогаш инструктор по тенис, кој нема никакво медицинско образование, верува дека тој е реинкарнација на познатиот Леонардо Да Винчи и направил вистинско богатство со тоа што им ги масира градите на жените.
Тој ги убедил припадничките на понежниот пол дека неговите третмани спречуваат рак на дојката и им нуди езотерична масажа со која се подоброувал протокот на енергија.
Поеднакво неверојатен дел од приказната е дека тој нема никакви научни докази дека масажата навистина делува и помага.
Тој неодаман се најде на мета на јавноста, кога неколку мажи го обвинија дека е виновен за пропаста на нивните врски. Тие предупредиле дека овој човек изградил култ и дека се смета себе за Бог.
Се разбира Сержги отфрлил сите обвинувања, како и нагласил дека кај него жените доаѓаат поради личен избор.
Сепак, тука не е крај на откачената приказна. Серж во бизнисот ја вклучил и својата ќерка (22) Натали која за 70 австралиски долари разговара со јајниците на пациентките.
За Натали не се знае дали е реинкарнација на некого, но затоа Серж тврди дека неговата друга ќерка Симон е реинкарнација на Винстон Черчил.