Има ли вашето куче паранормални способности?

1 февруари, 20120
Hypoallergenic-Dog-Food-2

Руберт Шелдрејк е британски биолог кој развива теорија дека кучињата имаат паранормални способности, меѓу кои се вбројува и телепатијата.

Својата теорија ја темели на истражувањето кое го спроведува, а во кое го забележува однесувањето на кучето и неговиот сопственик. Повеќепати забележал дека кучињата се однесуваат како да знаат што сопствениците им прават и каде одат, друи и кога се на голема одалеченост.

Научната заедница ги отврла овие теории и не мисли дека кучињата имаат паранормални способности, но Шелдрејк не отстапува. Својата теорија ја поткрепил со некои фасцинантни случаи.

Едно куче и неговата сопственичка биле на годишен одмор кај роднина. Еден ден сопственичката одлетала назад во Лондон, а кучето го оставила кај роднината. Тоа утро кучето побегнало и пешки се вратил до Лондон, во домот на сопственичката.

Дали со него управувал инстинкт, меморија или телепатска поврзаност со сопственичката? Научниците не се сложни, но Шелдрејк наведува уште еден пример кој, наводно, ја потврдува неговата теорија.

Се работи за деталот кој го приметиле скоро сите сопственици на кучиња. Имено, во своето истражување уочил дека кога сопствениците ги извршуваат работите во градот и одлучат да се вратат дома, кучето ја „препознава” нивната одлука и застанува пред вратата во исчекување.

Но, телепатијата не е единствена паранормална способност која им се препишува на кучињата, па некои тврдат дека се посебно чувствителни на духовната способност, а се смета дека се во посебен однос со Земјата и можат да предвидат катастрофа, земјотреси и временски непогоди.

Не знаеме колку овие теории држат вода, но научникот кој се бори за „видовитите кучиња” секако погледнете го во видеото:


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma