Манекенката Ананда Мерчилдон, победничката на шоуто Топ модел во Холандија во 2008 година, ја тужи агенцијата Elite Model Management. Изјави дека и било платено само 10.000 од договорените 75.000 евра и дека нејзиниот тригодишен договор е прекинат пред една година, бидејќи “има премногу широки колкови”. На Ананда и беше одземена и титулата победник на шоуто, која ја освои кога имаше 21 година.
Иако неговиот изглед не е променет откако победи, сепак од агенцијата и рекле дека “има убаво лице, дебел газ, па нема шанса да стане врвен модел”. Ширината на колковите на Ананда е 2cm над максималниот опсег од 90cm кој што го дозволува агенцијата.
Адвокатот на Ананда вели дека ниту со подрастични и екстремни вежби не може да ги стесни колковите, бидејќи и така е премногу слаба – “на работ на анорексија”. Од агенцијата објаснуваат дека на Ананда не успеале да и најде работа, бидејќи обликот на нејзиното тело не се вклопува во големината во која дизајнерите ја произведуваат својата облека.