Рекреативен однос е однос на две лица, кој се базира пред се или исклучиво на физичко ниво. Се работи за насилно мешање на телесни течности, додека главата “останува трезна”.
Во рекреативниот однос телефонскиот повик веднаш по оргазмот не е ништо необично.
Дефиниции за рекреативен однос (‘атлетски’ секс)
1.Партнер/ка за секс е некој со кој се влегува во сексуален однос без романтични или емотивни врски. Тоа не се пријатели со кои имате секс или некој кој ти се допаѓа или го почитуваш, врската со партнерот за секс е на сосема друго ниво.
2. Понекогаш добриот секс за една ноќ може да постане серија секс партии за една ноќ. Тоа со текот на времето се развива во повремена сексуална врска.
3. Ако со некој имате секс без било какви очекувања од врската или меѓусебната зависност, тоа не мора нужно да значи еднократен секс, во одреден период може ќе ви биде забавно да имате повеќе сексуални искуства со него.
4. Нема потреба да се чувствувате лошо, криво или погодено, тоа мора да биде едноставна ситуација со многу малку или потполно без заплет. Ако некој сакате да видите затоа што ви треба секс во тоа нема никаков проблем, од него не ви е потребна никаква емоционална и морална поддршка. За последното ги имате пријателите.
5. Со партнерот за секс освен голотијата и взаемната страст нема никаква вистинска интимност. Можно е со таа личност освен сексуална привлечност да немате ништо друго заедничко. Не е тоа состанок со гледање филм, па вечера со долги разговори. По дефиниција врската со партнерот за секс останува само на физичка основа.
Голата страст има ограничен рок на траење
Навдените дефиниции можме да ги заокружиме со поимот страстна љубов, за која е карактеристична силна физиолошка компонента. Страсната љубов, желба и нагони во овој тип врски се временски ограничени на 6 до 30 месеци. Понатаму можат да се развијат во пријателска љубов со доверба, почит, поврзаност и интимност. Таа е помалку интензивна од страсната љубов, но е постабилна и поурамнотежена.
Сепак, тоа е повеќе исклучок, отколку правило, бидејќи како што видовме- дефиниција 5 покажува јасна слика за развојот на рекреативните односи: тоа е како кратка адреналинска забава, по која не следи “afterhour” настан.