Сонувањето е начин да се избегне од реалноста, и да се изгради еден свој свет во којшто можеме да ги контролираме своите желби и мечти.. Има ли нешто полошо од тоа кога ќе насред некој прекрасен сон ќе ти зазвони будилникот и ќе те потсети дека треба да идеш на школо/работа… За денес ви подготвивме некои интересни факти за сништата.
1. Човекот заборава 90 посто од сонот.. Кога ќе се разбудите веќе пола од сонот не го памтите, а 10 минути подоцна не памтите 90 посто од него.
2. И слепите луѓе сонуваат. Тие што го загубиле видот во текот на животот имаат сништа кадешто можат да гледаат, а додека луѓето слепи од раѓање имаат сништа што вклучуваат други сетила: мирис, звук, допир и емоции.
3. Секој сонува. Некои луѓе мислат дека не сонуваат затоа што ги забораваат своите сништа, но виситина е дека сите луѓе сонуваат.
4. Во нашите сни гледаме само ликови кои ни се познати.. Тоа може да биде ликот на некој што само сме го виделе во некој филм, или во продавница и што не би се сетиле на него/неа дур сме будни…
5. Немаат сите соништа во боја. Иако скоро 90 посто од луѓето сонуваат во боја, сепак има и такви што сонуваат во црно-бело.
6. Соништата имаат симбои. Соништата секогаш имаат некоја симболика, но најчесто не тоа што мислиме дека е.
7. Негативните емоции се почести во соништата од позитивните емоции.. Најчеста емоција во соништата е стравот.
8. Може да имаме до 7 соништа во една вечер
9. И животните сонуваат.. После многу студии и истражувања научниците дојдоа до заклучокот дека и животните сонуваат.
10. Мажите и жените сонуваат различно.. Мажите имаат поагресивни емоции во соништата за разлика од припадничките на поубавиот пол.