Вчера новиот таблет на Apple започна да се продава во неколку земји во светот. Тоа создаде невидена еуфорија и гужва во секоја од државите каде што се продава.
Многумина не беа подготвени цела ноќ да чекаат за да дојдат до својот љубимец, па така жена од Њујорк своето место го продаде за 900 долари, додека дечко од Велика Британија заработи 300 долари.
Покрај редовните, во манијата наречена iPad се вклучиле и бројни професионални купувачи, кои чекале ред за 20 евра наместо вистинските сопственици.
Погледнете дел од оваа еуфорија.