iPhone 5 ќе има процесор со четири јадра

popara17 јануари, 20121min00
1962637004f13ee0e8a72a212136471_orig

Аналитичарите на инвестиционата банка Morgan Stanley проценуваат дека новиот iPhone, кој на пазарот би можел да се појави во втората половина на годината, ќе работи на четири јадрен Qualcomm процесор.

Освен тоа, на основа на неодамнешното патување во Азија, Кети Хаберти, аналитичарката на оваа компанија, изјавила дека новиот iPhone ќе биде потенок, и дека третата генерација на iPad ќе стигне во првата половина на 2012 година, пренесува Apple Insider, најверојатно на крајот на првиот квартал.

Таа изјавила дека нема многу детали за новиот iPhone, но верува дека уредот ќе биде спремен до крајот на вториот квартал. Освен потенкиот уред, штo на Apple ќе му го овозможат новите панели кои ги користи, Apple размислува за користење на нов материјал за куќиштето на iPhone.

„Тоа што е сигурно, а е поврзано со iPhone 5, е дека Apple и нивните добавувачи се позитивно изненадени со побарувачката за iPhone 4S, што им дава самодоверба за добрата продажба на iPhone 5 подоцна оваа годинa”, изјавила Хиберти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag