Избришете ги акните со босилек

popara25 декември, 20121min00
bosilek

Босилекот е познат по своите антисептични својства  и ја смирува кожата, ја активира циркулацијата на крвта и ја освежува бојата на лицето. Листовите од босилек често се користат во anti – age козметиката, бидејќи ја спречува појавата на брчки.

Босилекот има антибактериски својства, киселото млеко содржи цинк, калциум, витамини Б1, Б2, Б6 и Б12. Цинкот делува противоспалително, калциумот е природен извор на антиоксиданси што ги обновуваат клетките и се превенција од појава на акни.

Маска од босилек

Продукти:

20 – 30 листови свеж босилек

Кисело млеко

Дестилирана вода

Најпрво направете каша од листовите босилек со помош на блендер. За да направите лосион измешајте ја кашата од босилекот со дестилирана вода. Нанесете од течноста на лицето и оставете да делува 5 минути. Процедурата се прави еднаш дневно.

За маска: кашата од босилек се меша со една лажица кисело млеко и малку дестилирана вода. Се нанесува на лицето и се остава да делува 20 минути.

За тоник: додадете врела вода во кашата од босилек, оставете да се олади и процедете. Добиената течност се чува во стаклен сад на ладно не повеќе од една седмица. Се користи наутро и навечер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag