Една 21 годишна британка развила чуден вкус кога станува збор храната, таа сака да јаде сунѓери и сапуни.
Кери Требилкок тврди дека до сега изела околу 4000 сунѓери и 100 сапуни. Оваа девојка која работи како стоматолошка сестра, изјавила дека сунѓерите ги јаде со разни додатоци како сенф, сосови, џем, мед, кечап или со топло чоколадо.
Докторите кај оваа жена дијагностицирале пореметување во исхраната под името Пика, кое предизвикува голем апетит кон работи кои не се за јадење.
„Еден ден ќе ја победам оваа зависност и ќе бидам способна да се бањам или да мијам садови без да чуствувам апетит за сунѓери“, изјавила Кери.