Мадона совршена и на 53 години: Полугола позира на насловната страна од својот нов сингл!

29 февруари, 20120
MADONNA

Кралицата на поп музиката, Мадона, и покрај годините изгледа подобро од било  кога. На новата насловна страна за синглот ‘Girld Gone Wild’, 53 годишната пејачка позирала во голо издание, а мораме да признаеме дека не се ни потрудила повеќе да сокрие. Совршената линија, чипкана долна облека се првото нешто што ќе ви падне во око.

‘Girld Gone Wild’ е позната како видео серијата на Џо Френсис во која млади девојки изведуваат различни сексуални дејсвија пред камера.

Новиот сингл ќе се најде на албумот на Мадона ‘MDNA’, а Патрик Мокси од нејзината издавачка куќа за јавноста открил дека песната ја продуцирал прочуената суперѕвезда на денс музиката Бени Бенаси, можеби најпознат по синглот ‘Satisfaction’ од 2003.

Поп кралицата неколку пати досега пееше за сексот во песните како што се “Like A Virgin”, “Justify My Love” и “Erotica”, па не ни чудно што тоа го направила и овој пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *