
Знаеме дека не е лесно да се справите со годините, но познатиот актер Ал Пачино речиси е непрепознатлив во ова издание. Потполно е неуреден со лоша фризура и неколку броеви поголема облека.
Ал Пачино е уловен како шета во Беверли Хилс и ужива во прекрасниот сончев ден во многу лошо издание.
Се сеќаваме на многу подобри денови, ако зборуваме за изгледот на холивудските ѕвезди. Јасно ни е дека не е лесно да се справи со годините, сепак има 71 година, но…
Кога ваков би поминал покрај вас на улица, не би го препознале и веројатно би се сожалиле и би му пуштиле некоја паричка.
Со подолга побелена коса, влакнесто деколте и облека поголема неколку броеви, навистина изгледа како скитник. Се надевам нема да му се повтори!