Ви го претставуваме најдобриот меѓу фотографите илузинионисти – Лиу Болин, таканаречениот „Невидлив човек“.
Тој ја прикажа својата најнова колекција на фотографии направена во соработка со францускиот „уличен“ уметник Џеј Ар, која е изложена во Сохо, во Њујорк.
Фотографиите се навистина фантастични, а Болин уште еднаш докажа дека може целосно да се претопи во околината и да „исчезне“!