Јужнокореанската компанија ЛГ развила високо технолошки фрижидер кој ќе може да ни кажува што може да јадеме, а што, пишува Дејли Мејл.
Фрижидерот со името “Smart ThinQ” кој ќе се појави прво на британскиот пазар во текот на оваа година ќе чини 2400 евра и ќе биде вистински нутриционист и диететичар.
Сопственикот на овој фрижидер ќе треба само да го внесе индексот на телесната маса и желбата во поглед на тоа колку килограми сака да намали.
Користејќи ја технологијата на препознавање на вокал и лице, фижидерот ќе ги анализира добиените податоци и ќе ви предлага рецепти и ќе ги опоменува неговите корисници ако посегнат по голема количина на калории.
Овој фрижидер на иднината би можел да им се допадне и на оние кои не се загрижени за линијата на телото, бидејќи ќе може да разладува пијалоци за само 5 минути.
Камерата во внатрешноста на фрижидерот ќе му овозможува на сопственикот преку мобилен телефон да ја следи неговата содржина и кога не е дома.
Секој производ е скениран пред да влезе во фрижидерот кој ќе може да испрати смс порака кога ќе истече рокот на траење на производите.
httpv://www.youtube.com/watch?v=l26OmYs_Cj4