Шерил снмила нов спот во кој се мази со својот дечко – истото веќе неколку пати го направила Џенифер Лопез.
Љубовната приказна Шерил Кол и Три Холовеј станува се посериозна. Покрај тоа што е нејзин танчер, Шерил својот дечко сега го ставила во фокуст на својот нов спот ‘Ghetto Baby’.
Иако со спотот успеала да ја заинтересира јавноста и да собере пофалби од обожавателите, сепак сите не биле воодшевени. Таткото на пејачката Шерил Кол одбил да го гледа нејзиниот видео запис во кој британската се мази со партнерот.
“Шерил се пошегува на сметка на нејзиниот татко. Изработила фотографии од спотот и му ги испратила по пошта”, вели пријателот на 29 годишната пејачка која е во врска со танчерот од почетокот на оваа година, откако го преболела разводот со фудбалерот Ешли Кол.