‘Ја пронајдов мојата стара фотографија – депресивно и комунистички’

26 декември, 20120
mila

Мила денес е едно од најпознатите лица во светот на шоу-бизнисот! 37-годишната манекенка и актерка се потсетила на своите млади денови и со пријателите на Твитер ја споделила својата фотографија. ‘Ја пронајдов својата стара фотографија која е снимена во Русија во70-тите. Така депресивно и комунистички!’, напишала под фотографијата.

Мила е родена во Киев, а нејзиното семејство се преселило во Калифорнија кога имала пет години. Тешко и било да се прилагоди на американските училишта и никако не можела да го изгуби “тврдиот” руски акцент.

Мила како девојче била многу слатка, иако тврди дека изгледа ‘комунистички и депресивно’.

'So depressing and communist!' Milla Jovovich shared a picture of her childhood days in Russia on her Twitter page

‘Децата ме нарекуваа комунист  и руски шпион. Никогаш не бев прифатена’, ги признава своите трауми од училишните клупи, денес познатата Мила која со само 13 години влегла во професионалниот свет на моделирање.

Покрај тоа, Мила споделила неколку свои фотографии додека го подготвува празничниот ручек. Празниците ги поминала во друштво на 5-годишната ќерка Евер и со сопругот Пол В.С. Андерсон.

Domestic goddess: Milla also shared a picture of herself in the kitchen, preparing Christmas dinner

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber