Сега ќе ви дадеме 7 причини зошто да ги сакате јагодите!
Јагодите го подмладуваат телото – во јагодите се содржат специфични супстанции кои го активираат метаболизмот, а со тоа помагаат за побрзо обновување на клетките.
Јагодите ја намалуваат температурата и ја разредуваат крвта – во нив се содржат многу киселини, особено салициловата што ги прави јагодите природен лек во улога на диоретик и антипиретик.
Јагодите како извор на енергија – јагодите содржат доволно природна оксалова киселина, која може да биде употребена од организмот како добар извор на енергија.
Јагодите лекуваат дисбактериоза – јагодите допринесуваат за нормализирањето на микрофлората во цревата, и помагаат телото полесно да се ослободи од токсините, тешките метали и другите непотребни материи.
Јагодите се живи мултивитамини – во себе содржат витамин Ц, Е и група Б, а освен тоа и минералите манган, калиум, калциум, бакар, кобалт, железо.
Јагодите како афродизијак – Цикот кој во големи количини го има во јагодите ја зголемува потенцијата па така тие слободно можеме да ги наречеме природна вијагра.
Јагодите како природна козметика – нив активно ги употебуваат и во козметиката и ако се користат редовно и правилно се во состојба драстично да го подобрат вашиот изглед и здравје на кожата, косата и ноктите.