Јапонскиот мобилен оператор, Softbank Corp, денес објави дека во продажба ќе има и уред кој го мери нивото на радијација, пренесува агенцијата Ројтерс.
По минатогодишните настани во Фукушима постои загриженост поради радијација, а телефонот кој ќе се најде во понудата на споменатиот оператор има вграден IC чип кој го мери нивото на радијација.
Sharp Pantone 5 107 SH, како што се вика овој модел, работи на Android 4.0 и има 3,7 инчен екран, камера со резолуција од 4 мегапиксели, а ќе биде отпорен на вода и прашина, дознава The Verge.
Објавено и дека ќе биде достапен во осум бои, дека во продажба ќе се појави од лето, но цената по која ќе се продава не е позната.
Сепак, се очекува да биде пристапна, пишува Ројтерс.