Јапонски министер за oбесил поради скандал за вонбрачна афера

popara11 септември, 20121min00
macusita

Ако кај нас политичарите се убиваат поради скандалите за вонбрачни односи, малку од нив ќе останеа на политичката сцена. Меѓутоа, во Јапонија ова е малку поразлично, а тоа го покажа и јапонскиот министер Тадахиро Мацушита.

Гласините кои од вчера доминираат на јапонските медиуми и интернет портали денес се потврдени. Јапонскиот министер за финансии, 73-годишниот Тадахиро Мацушита, си го одземал животот само две дена пред закажаното интервју со еден магазин кој би требало да објави приказна за него и да го разоткрие скандалот за неговата вонбрачна врска.

Мацушита вчера е пронајден обесен во семејниот дом во Токио, а покрај неговото тело пронајдено е и проштално писмо наменето за неговата сопруга. Ккао што пишуваат локалните медиуми, Мацушита оставил и писмо за јапонскиот премиер Јошихико Нода.

Деталите до приказната не се познати, како ниту дали разоткривањето на скандалот било мотив за самоубиство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *