Ѕвездата на серијата Gossip Girl, Блејк Ливли се надева дека еден ден ќе роди девојче, бидејќи многу сака нејзината ќерка да ја носи нејзината дизајнерска облека.
Се надевам дека ќе имам неколку ќерки. Ако не бидат девојчиња, тогаш барем нека бидат транвестити. Имам многу убави парчиња облека, чевли, чанти кои треба да се износат”, изјавила 24- годишната актерка за магазинот Elle.
Младата модна икона беше заштитно лице Chanel, а неодамна е прогласена за амбасадор на модната колкција Stelle McCartney.
Таа вели дека за деца сеуште има време, но кој знае, можеби татако ќе биде актерот Рајан Рејнолдс, со кој од неодамна се во љубовна врска.
Блејк во интервјуто ги открила и досега непознатите детали од својот живот. “Имав четири дечковци во животот. Никогаш не сум била со некој што не го познавам. Ако поминувам време со некој дечко, тоа ќе биде со некој кој добро го познавам”, вели 24- годишната актерка.