Иако зборовите прекрасни и чудовишта ретко ќе ги сретнете во иста реченица, тоа е единствениот начин за да ги опишете дрвјата прекриени со снег, познати како Јухои, кои се наоѓаат во Јапонија.
Секоја година, за време на студените зимски месеци, во северниот дел на Јапонија дрвјата се прекриени со огромен слој на мраз и снег и претставуваат вистинска атракција за туристите. Мајката природа секое дрво го обликувала на уникатен начин, користејќи ги снегот и ветрот како алатки за своите маестрални дела. Јухои во превод значи „дрвја прекриени со снег“ и се популарен феномен кој се појавува во јапонските ски резорти.