Каде Натка ја дочека Новата година? На планина да се исчисти од гревовите :)))

Наташа Беквалац ја остави бурната 2011 година позади себе. Љубов, раскинувања, скандали, Ибица, јахта и Чазим, носи песни и провкативни спотови. Изгледа дека одлучила да се смири во 2012 година, па ја дочекала поразлично од претходните…
-Хана и јас Новата година ја поминавме на планина. Tука ќе бидеме се до Божиќ, кога ќе работам. Ова се навистина магични денови во нашата куќа. Дедо Мраз не посети и тоа навистина беше преубаво, бидејќи со нас беше мојата сестра Кристина и нејзината две годишна ќерка Петра. Многу се радувавмекога, како во бајка, затропа на врата. Не мислам дека за Божиќ мораме да бидеме дома, важно е да бидеме заедно. Хана веќе има четири и пол години и знае дека покрај тоа што ја сакам музиката, мојата фамилија и јас од тоа живееме, изјавила Наташа Беквалац.
Иако не сака да размислува за претходната година, открива дека 2011 и била турбулентна и напорна година.
-Секако дека беше една од најнапорните, но не и најлошите. Најтешкиот момент беше оној кога Данило доживеа несреќа. Тоа е нешто што ќе го паметам како најдолема рана и тага во мојот живот.