Каде патуваат хороскопските знаци?

popara18 мај, 20121min00
e32

Ако верувате во хороскоп проверете дали во ѕвездите се запишани вашите патувања…

Дека хороскопските знаци укажуваат на одредени карактеристики веруваат милиони луѓе ширум светот кои редовно или барем повремено проверуваат што им е запишано во ѕвездите.

Покрај годишниот, месечниот, неделниот и дневниот хороскоп многу е популарен и кинескиот хороскоп па и еротскиот хороскоп.Астролозите тврдат дека и градовите се под влијание на одредени знакови па така на пример Берлин под власта на овен(поради доминација на марс), Рим под власта на лав а Њујорк водолија(поради доминација на уран)Астролозите спрема тоа можат да ги  одредат  и идеалните патувања за поединечни хороскопски знаци.

Овен

На патувањата секогаш се во акција и секогаш преземаат иницијатива и организација.Сакаат живи градови како Берлин,Марсеј,Непал,Камбоџа и Мексико.

Бик

Највеќе од се сака удобност.Не е спремен на ризик и не се чуствува сигурно на непозната територија.Важни му се кулинарските искуства.Биковите сакаат да ги посетат дестинациите како Болоња, Даблин,Парма, Цирих,Крит,Мајорка и Израел.

Близнаци

Ја ценат разновидноста,сакаат да се движат,склони се кон едукативни патувања и курсеви по странски јазици во странство.Сакаат да запознаваат нови луѓе и затоа одлично се снаоѓаат во Лондон,Буенос Аирес,Египет,Данска,Норвешка,Тунис и Турција.

Рак

Колу поедноставно и поудобно  толку подобри.Го фасцинира природата, а на патувањата сака да се чуствува како дома.Идеална дестинација Милано,Амстердам, градови покрај морето како Венеција,Аргентина,Сејшели,Тајланд и Виетнам.

Лав

Лавот сака луксуз.Сака да го третираат како крал.Сака  авантури и спремен е на патувањата да потроши повеќе од останатите знакови.Најдобро се чуствува во големи и развиени градови.Совршена комбинација на  уживање и забава му пружаат Лос Анџелес,Чикаго,Рим и Оман.

Девица

Сака кога патувањата се однапред испланирани до детали и многу внимание посветува на трошоците.Ја цени чистотијата,а најсреќна е кога патувањето е добро и по здравје.Преферира прегледни градови како Базел,Бостон,Лион,Тулуз..

Вага

Ја цени класичната убавина, а посебно важни се природните обележја,културната понуда и атмосферата на улиците.Совршена комбинација се Хонг Конг, Лисабон,Копенхаген,Шангај,Виена и Нов Зеланд.

Шкорпија

Бара мистични дестинации,таинствени локации и возбудливи ситуации односно се што ја возбудува имагинацијата.Токму тоа е причината поради што толку добро се чуствува во Ливерпул,Месина,Токио,Вашингтон но и во Хрватска,Либан,Мароко,Шпанија,Унгарија и Кипар.

Стрелец

Стрелците се космополитски настроени.Патуваат со голема желба и често,или во странство или во својата земја.Се чуствуваат како дома каде и да се лесно склопуваат нови познанства и имаат одлична ориентација.Сакаат да разгледуваат цели земји како Финска,Австралија,Кенија,Перу и Шведска.

Јарец

Всушност не сакаат да патуваат.Тешко се одлучуваат да ги напуштат сопствените четири ѕида, но кога на тоа конечно ќе се одлучат преферираат класични дестинации.На патувања одат ретко и тие по правило кратко траат.Им одговараат Брисел,Москва,Оксфорд,Варшава,Чешка и Јужноафриканска Република.

Водолија

Сакаат возбудувања и градови кои никогаш не спијат.Сакаат разновидност во патувањата влегуваат пријатни шетања по улиците,пикник во парк, разгледувања историски места,ресторани,концерти, представи…..Богатата понуда која ја бараат водолиите може да ја пронајдат во Њујорк, Сан Франциско,Сиднеј и Русија.

Риби

Не можат да замислат одмор без море.Ги опушта погледот во далечина,мир,романтика, залезот на сонцето и природна убавина.Совршени дестинации Сантијаго де Компостела,Севилја,Јерусалим,Бангког,Португалија,Шри Ланка.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma