Најубавиот бразилски супермодел Андријана Лима на својот Twitter профил објавила видео снимено 1999 година кога била на самиот почеток од кариерата. Дури и со релативно детска фигура, и од тогаш прекрасна насмевка, Андријана во видеото зборува како е горда на себе и среќна бидејќи ќе работи за најголемите имиња на светската модна сцена, реализирајќи го животниот сон.
Денес 30 годишната Андријана е сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ и мајка на неговата две годишна ќерка Валентина, а тогаш била на почетокот на својот ангажман за Victoria`s Secret,соработката која ја прослави. Во видеото Лима зборува за тоа како пријателите ја убедиле да се занимава со манекенство, бидејќи е висока и убава. Богами, не ја излажале!