Како да го препознаеш мажот што вреди?

popara26 април, 20121min00
LOETHEN

Кога ќе запознаете некој што навистина ви се допаѓа, важно е пред се да ги препознаете карактерните црти на човекот, па на време да знаете дали вреди да трошите емоции со погрешен човек.

Двете најважни работи, за кои треба да сте сигурни дека ги откривате во мажот се чесност и стабилен карактер. Тоа се квалитети кои се од огромна важност, ако сакате да имате партнер за цел живот. Кога ќе запознаете нов човек видете какви се неговите вредности според кои живее и какви морални правила смета дека треба да  почитува. Од тоа ќе зависи како тој ќе се однесува со вас и како ќе се однесува спрема самиот себе. Вистината е дека ако тој ги лаже другите, ќе ве излаже и вас еден ден, дури и ако во почетокот се обидува да биде многу мил…тоа важи и за други морални „недостатоци“ кои може да ги има. едноставно отворете добро очи и недозволувајте љубовната магија да ве заслепи. Знам дека во почетокот се изгледа розово, но мора да успеете да погледнете и од друг агол.

За да можете да го препознаете квалитетниот маж, ќе треба да го запознаете човекот до вас што значи дека треба да сте поминале доволно време заедно, а сето тоа е ако си дадете доволно време.

Дали тој има позитивен став за светот што го заобиколува и луѓето? Тој треба да ве прави да се чувствувате убаво додека сте со него. А ако е негативен и само се жали таквиот човек ќе  ја извлече и вашата енергија и буквално ќе ви го уништи животот.

Дали во него гледате зрелост и одговороност?  Да е одговорен значи дека тој го прави она што го ветил. Стои зад она што го кажал…ако мажот ги нема овие важни елементи, не си фаќајте работа со него.

Всушност во сето ова има и една стапица: за да можете да ги препознаете квалитетите на добриот маж, прво треба вие да го поседувате истото. Многу е важно да го сакате мажот не само поради физичкиот изглед (како изгледа, финансиски статус и сл) но и поради тоа каква личност е тој. Тоа е вредност што останува. тоа е темелот на здравата врска и брак потоа. се друго е релативно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag