Борбата со целулитот треба да се започне со менување на навиките, па со тек на време тоа ќе покажете видливи резултати, бидејќи од целулитот не може да се ослободите преку ноќ. Целулитот е најомразениот непријател на женската фигура, а еве ви неколку совети како да се ослободите засекогаш од него:
Подалеку од шеќерот: Шеќерот го стврднува колагенот и ги потиснува колагенските влакна кон површината на кожата, па маснотиите така постануваат видливи. Покрај тоа, шеќерот ја забавува циркулацијата, па затоа одбегнувајте храна богата со шеќер.
Избегнувајте сончање: Сончањето може прилично да го истакне целулитот, предупредуваат стручњаците. Само четири минути изложување на силна сончева светлина предизвикува пропаѓање на еластичните и колагенските влакна на кожата, а истата започнува да се истенчува и целулитот постанува видлив.
Јадете јаболка: Јаболкото содржи витамини, минерали и влакна кои ја регулираат дигестијата, а го зголемуваат и излачувањето на урината. Пектинот во јаболкото е лесно растворлив во вода, и со неговото бабрење ги заробува молекулите на холестеролот на тој начин исфрлувајќи ги од организмот.
Пијте многу течности:Без вода нема ни отстранување на целулитот. Секојдневно конзумирајте најмалку 2 литри вода и чаеви, особено зелен чај. Наутро испијте една чаша млака вода со свежо исцеден лимон.
Топло-ладен туш: Стручњаците препорачуваат наизменично ладно-топол туш за почеток на денот. Таквото туширање ја потикнува циркулацијата и го забзува протокот на лимфата.