Како да ставите насмевка на лицето на партнерката?

popara19 јануари, 20121min00
partnerka

Еве ви неколку едноставни совети кои се навистина успешни доколку сакате да ја расположите и усреќите вашата партнерка:

Бидете кавалер: Жените едноставно обожаваат кавалери. Доволно е да и отворите врата или пак да и го придржите столчето во ресторанот, а таа веднаш ќе ве награди со насмевка. Кавалерството жените го сметаат како знак дека мажите се грижат за нив. Особено внимавајте да бидете кавалер пред нејзините пријатели.

Кажете и некој стар виц: Наместо некој вулгарен и простачки виц, кажете и на партнерката некоја стара добра шега. За жените тоа е симпатично бидејќи тие сакаат хумористични мажи, а старите вицови даваат впечаток дека сте од „старата школа“.

Пратете и порака ноќе: Пратете и романтична порака ноќе, оа коа ќе се разбуди и ќе ја прочита ќе биде навистина среќна. Напишете нешто кратко и романтично, не мора да пишувате некои клише и излитени пораки кои сите ги знаат.

Кажете и дека е убава: Комплиментите едноставно ги разоружуваат жените, особено ако се кажани без никаков повод или потреба. Најубавото нешто за секоја жена е да добие комплимент дека е убава.

Детали: Жените прават невозможни работи за да изгледаат што попривлечно. Се депилираат, шминкаат, одат на козметички третмани, поминуваат часови во шопинг, одат на неудобни чевли високи над 12 сантиметри. Тоа не е лесно, но ретко кој од мажите ги забележува деталите. Потрудете се секогаш да забележите кога има некоја промена кај вашата партнерка и да и дадете комплимент, а таа ќе ви биде благодарна дека сте го забележале нејзиниот труд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag