Над стотици активисти се собраа пред еден музеј во Мексико Сити за да укажат на нехуманиот однос кон биковите во традиционалните кориди.
Активистите намачкани со црвена боја, која треба да ја симболизира крвта и облечени само во долна облека легнаа на асфалтот, а дел од нив држеа транспаренти со натписи: „Доста е!“, „Запрете ги борбите со бикови“, и други.
„Ова не е никаков спорт. Тоа е злоупотреба и искористување на незаштитените и беспомошни животни кои не одат доброволно во рингот“, изјавила едена од претставничките за односи со јавноста на организацијата Аниматуралис, која го организираше овој протест.
Мексико, инаку, е една од осумте земји каде борбата со бикови се уште е легнална.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Rf-lFwycvg8