Како плавуша му пишува писмо на синот?!

19 април, 20120
yn98

Драг сине,

Ти го пишувам ова писмо, за да знаеш дека ти пишувам. Ако го добиеш ова писмо значи дека стигнало, ако не јави ми се за повторно да го испратам. Пишувам бавно, бидејќи знам дека бавно читаш. Пред некој ден твојот татко прочита во весниците дека според статистичките податоци, повеќето несреќи се случуваат на еден километар од дома, па затоа се преселивме малку подалеку од нашата куќа. Супер е тука, имаме и машина за перење алишта, но незнам дали работи.

Овде времето не е лошо. Минатата недела само два пати врнеше, првиот пат траеше 3 дена, а следниот 4 дена. Во врска со онаа јакна која ја сакаше, твојот вујко Пјер ми рече дека доколку ти ја испраќаме да ги извадиме копчињата бидејќи повеќе ќе тежи, а тоа ќе чини повеќе. Затоа ги извадивме копчињата и ги ставивме во еден џеб од јакната.

Откако го погребавме твојот дедо, го пронајдовме неговото тело кога ја чистевме куќата. Бил во плакарот од оној ден кога победил во криенка.

Пред неколку дена експлодираше боца со плин во кујната, мене и татко ти не исфрли низ прозор, какво чувство! После толку години, јас и татко ти излеговме надвор заедно.

Кога сме кај татко ти, тој доби нова работа. Многу е горд, под него се околу 500 луѓе, се вработи на гробишта и го одржува тревникот.

Твојата сестра Јулија, знаеш онаа што се омажи, конечно роди дете. Се уште не го знаеме полот, па затоа незнам дали ти си станал тетка или вујко… ако биде девојче, твојата сестра ќе ја крсти по мене, иако тоа по малку ми е чудно, својата ќерка да си ја вика „мама“.

Да не зборувам за твојот брат Жан… ужасен е… ја затвори вратата од автомобилот, а внатре беа клучевите. Мораше да да сврати во станот за да го земе дупликатот и да не извлече од автомобилот. Катастрофа!

Добро сине, нема да ти ја пишам адресата, бидејќи незнам која е. Семејството кое живеело тука пред нас, го земале бројчето од ѕидот и го понела со себе.

Ако ја видиш Маргарит поздрави ја, ако не ја видиш немој ништо да и кажеш.

Мајката која те сака.

П.С. сакав да ти испратам пари, ама веќе го затворив пликот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi