Каков ефект имаат боите на нашето физичко и психичко здравје?

31 мај, 20120
z

Ние живееме во светот на боите и тие влијаат на нашата физичка и психичка состојба. Силата на влијанието на бојата врз различните луѓе е специфична и зависи од темпераментот, душевната состојба и возраста. Теоријата на боите вели дека топлите бои приближуваат, а студените одалечуваат. Бојата може  да ве опушти, да го зголеми или намали нивото на енергија, да го неутрализира стресот, да ја смири болката, да возбуди и да ве смири.

Различните бои имаат и различен ефект. Например црната, кафеавата и сивата боја со поврзуваат со негативни емоции, досада, монотонија, потиштеност, меланхолија, депресија и лошо расположение. Овие бои демотивираат. Човек се затвара и крие зад длабочината на овие мрачни бои. Додека пак розовата боја има позитивно влијание на психата и душевната состојба и се поврзува со оптимизам и позитивни мисли. Вакви ефекти имаат и белата, црвената и жолтата боја.

Например, кога човек е облечен во светли и шарени бои, неговото лице изгледа поинаку, од него зрачи свежина, топлина и позитивни емоции.

Ете зошто ние треба внимателно да ги избираме боите кои не заобиколуваат, во нашиот дом, на работното место, нашата гардероба и со тоа да внесеме мотивација, радост и среќа во својот живот.  Исто така е многу важно да сме често во допир со боите на природата, односно зелените гори и ливади, нежните бои на полското цвеќе, сината длабочина на морето, езерата и реките, сјајот на ѕвезденото небо…тоа е храна за очите и душата. Тоа ќе донесе душевна топлина и спокој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi