Ричард Тарнер се шетал на една ливада во Стокхолм кога налетал на интеренсо суштество.
„Не беше прицврстено за земјата, само лежеше на тревата. Ги покажав сликите на пријателите и никој не знаеше што е тоа“, изјавил Тарнер.
Тој го опишал суштеството како меко и необично. Иако кога го фотографирал не било живо, тој мисли дека се работи за некоја мутација.
Сликата од ова суштество почна да кружи на интернет, но со оглед на тоа дека не стигнало до научниците неможе да се покрене никаква сериозна анализа. Проценките на луѓето се дека се работи за демонско бебе или некоја мутација на црви.