Членовите на некогаш популарниот бенд Spice Girls вистинска реткост е да ги видите во јавноста. Иако некогаш ги освојуваа срцата на тинејџерите од целиот свет, паднаа во заборав. Сега водат семејни животи.
Гери Халивел е забележана на улиците во Лондон во друштво на ќерката Блубел Мадона.
Преслаткото девојченце било “скоцкано” од глава до пети. На себе носела мало црно фустанче, бела кошулка, балетанки и зимска јакна, додека во рацете носела мала зелена папка. Внимателната мама Гери, малата принцеза ја земала од училиште и се упатиле дома.
Фризурата и била прилично неуредна, а лицето бледо.
Откако стана мајка, британската поп ѕвезда најчесто може да ја забележиме со нејзината ќерка.